Одлуката да се избере Кариерен советник за своето дете не е ни малку едноставна и лесна. Каде и како да го најдеме лицето на кое можеме да му веруваме дека има неопходни знаења и вештини и ќе работи во најдобар интерес за детето? Кои се правата на родителот, што е должен да обезбеди за детето да ја добие најдобрата можна услуга?
Дел од кариерните советници можат да се најдат во стручните служби на училиштата: педагози, психолози, обучени да работат со деца и да применуваат разни тестови и алатки. Родителот може да се заинтересира за оваа можност во образовната инсититуција која ја посетува детето.
Кариерни советници работат и независно, во разни психолошки советувалишта, центри
за обука и развој, како самостојни советници кои избрале тоа да им е професија.
Кога децата се малолетни, изборот на кариерен советник го прави родителот, кој
неизбежно треба да ја даде својата писмена согласност.
Родителот може да ги користи следните критериуми за избор на кариерен советник:
1. КВАЛИФИКАЦИИ НА СОВЕТНИКОТ - завршени обуки, лиценци, сертификати. Тоа е солидна основа да се информираме кои се знаењата кои ги има советникот и според кои методологии ќе работи со детето.
2. ИСКУСТВО - колку долго работи како советник, со која целна група на клиенти, какво му е искуството со деца, зошто сака да работи со деца, кои клиенти би можеле да ги контактираме за препорака? Ова се валидни прашања кои родителот може да ги постави.
3. ПРИСТАП,стил на комуникација - познавајќи го детето, и низ разговор со него, треба да се увери како стилот на комуникација на советникот влијае на детето. Колку мотивира, како се чувствува детето во разговорот со советникот - од тоа ќе зависи квалитетот на советувањето и резултатите како увиди.
4. ДОВЕРБА - како ќе знаеме дека лицето пред нас ја заслужува нашата доверба? Прашајувајте се додека не ги добиете сите информации важни за довербата со која ќе го доверите детето на советување. Како ќе обезбеди доверливост на податоците, кој ќе има пристап до нив.
Улогата на кариерниот советник е клучна, особено во раните години на кариерни избори. Најдете ја најдобрата опција за своето дете - детето тоа го заслужува!
Одлуката да се избере Кариерен советник за своето дете не е ни малку едноставна и
лесна.