На вистинското место сте – тука сме да ве поддржиме!

ИНФОРМИРАЊЕ

САМОПРОЦЕНКА

ПЛАНИРАЊЕ
Добредојдовте!
Добредојдовте на страницата креирана за сите кои барем еднаш се сретнале со потребата да дознаат нешто повеќе на темата КАРИЕРА.

Можеби сте:
- родител кој сака да го поддржи своето дете во изборот на идно занимање, или дете кое истражува каде да се запише.
- вработен кој бара задоволство од работното место или размислува за промена. Или сте невработен кој е во потрага по идното работно место.
- сопственик на бизнис кој сака да ги најде и мотивира своите вработени, преку кариерно планирање во организацијата.
Newsletter
Дали сакате да добивате известување за нашите програми?
Доколку сакатае, внесете ја вашата e-mail адреса:


Наташа Ивановска
Сертифициран обучувач, бизнис коуч, консултант за човечки ресурси и маркетинг

Биљана Велевска
Сертифициран обучувач, консултант за деловен развој и човечки ресурси
Нашиот тим
Ние сме тим од сертифицирани кариерни советници и професионалци од областа на човечките ресурси. Како советници за кариера посветено работиме од 2010, пружајќи поддршка на лица и организации во областите како што се: кариерно планирањe, избор на занимање и образование, вработување, советување при кариерни транзиции, планирање и дефинирање работни позиции во организации, разработка на кариерни патеки, советување за мотивација на вработените и други бројни теми важни за секој од нас. На пошироко ниво работиме со релевантни институции, нудејќи го нашето богато искуство и експертиза за планирање и развој на работната сила за едно поубаво општество за сите.