Кариерно советување

Што е кариерно советување?

Кариерното советување е процес на структурирана соработка во која кариерниот советник го води клиентот до посакуваната цел во врска со неговата кариера.
Во релацијата базирана на взаемна доверба и врвна професионалност, кариерниот советник осмислува и со клиентот реализира сесии на индивидуално и групно кариерно советување. Сесиите траат околу 60 минути и имаат структура низ која советникот и клиентот водат искрен и доверлив разговор базиран на прашања и трагање по одговори. Секоја сесија има своја тема, цел, за која се истражуваат можни решенија и завршува со акциски план.

home_business_step_1

Работа со возрасни

Некои од областите во кои може да помогне работата со Кариерен советник:

  • избор на професија/занимање врз основа на стекнати квалификации
  • изработка на кариерен план
  • активно барање работа - истражување на пазар на труд и отворени работни позиции
  • подготовка на пријава за работно место – CV и мотивациско писмо
  • подотовка за интервју
  • поддршка при вработување – како на новата позиција
  • мотивација на работното место низ кариерно советување
  • справување со стрес на работното место
  • изработка на развоен план за конкретно работно место
  • поддршка при промена на работно место
  • поддршка при основање сопствен бизнис/ самовработување
  • сите други теми од интерес поврзани со кариерата, вработувањето и задоволството на работното место

Кариерно советување на деца

По завршувањето на основното училиште, децата се соочени со првиот посериозен кариерен предизвик – каде да продолжат во средно, а додека се во средно соочени се со предизвикот работа (која?) и студии (какви). Прашањето е многу пошироко – каде ја гледаат својата професионална иднина? Не е лесно да се најде одговор на ова прашање на рана возраст, а поддршката од родителот и кариерниот советник се клучни во оваа фаза на кариерен развој.

Работата со Kариерен советник може да помогне во:

  • одредување тн.кластери на занимања врз основа на интересите, вредностите и карактеристиките на личноста
  • зајакнување на самодовербата при изборот на идно образование
  • поддршка во носењето информирана одлука
  • изработка на кариерен план
  • зголемена мотивација за совладување на училишните обврски
  • сесии со родителот како поддршка во фазата на носење одлуки

home_business_step_1
home_business_step_2

Кариерно советување во организации

Кариерниот советник е функција потребна во секоја современа организација, како дел од одделот за човечки ресурси.

Области на работа на кариерниот советник:

  • Планирање на кариерниот развој на вработените
  • Советување за изработка на личен развоен план
  • Мотивација на работно место
  • Справување со стресот на работното место
  • Планирање на организациска структура со вкрстување на кариерни планови на вработените
  • Кариерно советување при намалување на тимовите (отпуштање) – советување на идно вработување

Влијание врз општеството

Кариерното советување (треба да) е дел од голем број јавни институции како што се:

  • образовни институции – основни, средни училишта, факултети, центри за неформално образование
  • Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување итн.

Со вклучувањето на карерното советување на сите нивоа, може да се влијае на подобрување на процесите на планирање на работната сила, поврзувањето на секторите бизнис и образование, намалување на невработеноста и креирање на општество во кое секој може да придонесе со својот работен ангажман.

home_business_step_3

Ве очекуваме