Кариерен советник

Кариерен советник е лице кое поседува соодветни квалификации стекнати со обуки и сертификации, поддржани со лиценци за работа на теми поврзани со избор, планирање и развој на кариерата.

Улогата на советникот

Кариерен советник е лице кое поседува соодветни квалификации стекнати со обуки и сертификации, поддржани со лиценци за работа. Тоа поседува и лични карактеристики, како што се: доверливост, професионална етика, посветеност кон успехот на клиентот, способност да мотивира, поддржува, активно и трпеливо да слуша, да верува и да го води процесот на советувањето имајќи ги предвид секогаш најдобрите интереси на клиентот.

Кариерниот советник не дели “готови решенија”, совети и препораки, не наметнува свои мислења и ставови. Води низ процесот со прашања, охрабрува, применува соодветни тестови и активности кои на клиентот му помагаат да дојде до сознанија важни за одлуките кои се пред него. Низ процесот на кариерно советување, клиентот има можност да дојде до увиди и решенија, кои кога размислува сам не му се достапни.

Релација советник-клиент

За реализација на успешен процес на кариерно советување, најпрво е потребно да се воспостави релација помеѓу двете страни во процесот:

  • Кариерниот советник – активно слуша, поставува прашања, води белешки од сесијата, поддржува, мотивира, предизвикува, го води и насочува разговорот со цел исход во согласнот со темата и целта одредена од клиентот
  • Клиентот – целосно е присутен на сесијата со своето внимание, отвореност, активно слуша и трага по одговори, мотивирано работи кон реализација на договорените активности меѓу сесиите

Основата на односот е ДОВЕРБАТА. Сите разговори, активности, заклучоци и увиди остануваат помеѓу учесниците на сесијата и не се споделуваат со трети лица. Надвор од сесијата, клиентот може да споделува увиди и заклучоци со лица по свое видување, додека за советникот сите детали од сесијата остануваат со максимален степен на доверливост. Исклучок може да бидат ситуации кога е доведена во прашање безбедноста на советникот, клиентот или трети лица.

35

држави


1250

клиенти


89

проекти


11

години на искуство


Ве очекуваме