МОТИВАЦИЈАТА како поим често се споменува во разни контексти на животот. Наједноставната дефиниција е дека мотивацијата е силата која не движи, и таа сила доаѓа од два извори:
1. ВНАТРЕШНА МОТИВАЦИЈА - нешта што потекнуваат од нашите ставови, вредности,
мислење на себе, потреби, цели итн.
2. НАДВОРЕШНА МОТИВАЦИЈА - нешта во нашата околина кои ни значат, случувањата,
односот со луѓето околу нас итн.
Исто толку често е прашањето за МОТИВАЦИЈАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ. Од аспект на кариерно советување, активностите за влијание врз мотивацијата се следни:
Да почнеме од почеток.Вработениот мора да знае кое му работното место и кои му се одговорностите. ОПИСОТ на работно место не е само формален документ - тоа е основата на односот меѓу организацијата и вработениот, без која е тешко да се оди понатаму
Откако е изработен описот, се предлагаат следните чекори:
- Вработениот се запознава со очекувањата од работното место и потребните
компетенции
- Се запознава со кариерните патеки кои се можни во компанијата, позициите кон кои
би можеле да се развиваат (хоризонтално и вертикално во хиерархијата), зависно од
развојните планови на компанијата.
- Вработениот разговара со сертифициран Кариерен советник за своите аспирации кон
одредени активности, позиции во компанијата, пополнува тестови на личност,
вредности поврзани со работното место итн.
Тоа значи дека вработениот има можност да ги согледа своето значење и придонес кој
успехот на компанијата, важноста на индивидуалниот ангажман за вкупните резултати.
Може да ја види својата ИДНИНА.
Резултатот од овој процес е МОТИВАЦИЈА и АНГАЖИРАНОСТ на вработените, кои имаат одговор на прашањето “Зошто доаѓам на работа?”. Иако дел од одговорот е “за плата”, секој што се обидел да мотивира вработен со едноставно покачување на платата, знае дека ефектот е краткорочен.
Работата со кариерен советник на вработениот му овозможува да ги согледа пошироките придобивки од работното место и својот придонес во компанијата. Тој може да разбере што друго го мотивира (добар однос со претпоставениот, убава атмосфера за работа, можност да учи и напредува...). Може да се стреми тоа и да го добие на работното место, наместо да има пасивна улога.
Низ овој процес вработениот се приближува кон тоа што го очекува од работата во поширок контекст: смисла во тоа што го работи, одредена цел, чувство на исполнување на личната мисија, нејзино вклопување со останатите животни улоги, а со тоа и подобар квалитет на животот.
МОТИВАЦИЈАТА како поим често се споменува во разни контексти на животот.