Oткако донел одлука за изборот на советникот, родителот има одговорност да го поврзе детето со кариерниот советник и да води сметка за процесот - договарање средби, помош на детето да дојде на средбите ако е неопходно, следење на реакциите на детето на советувањето. Го поддржува процесот и се труди да не влијае со свои ставови, мислења, совети - сега е време детето да дојде до нови сознанија!
Првата средба со советникот може да ја направи родителот сам, или да разговара на телефон, во фазата на истражување на мрежата на советници. На следната средба, следи запознавањето на детето со советникот и потпишување на Изјавата за согласност (за малолетни лица), од страна на родителот. Добро е да го прашаме детето - како ти се допадна средбата, што мислиш за советникот...и да ги следиме неговите невербални реакции, важни исто колку тоа што го кажува. Детето треба да се чувтсвува слободно, убаво, охрабрено во разговорот со советникот, а тоа како родител можеме да го видиме на првата средба (иако тремата може да биде присутна, знаеме кога има пријатна амтосфера во разговорот)
Сесиите на кариерно советување се одвиваат меѓу советникот и клиентот (детето). Вообичаено траат до еден час, имаат структура и тек според методологија со која работи советникот.
Родителот добива периодични информации за текот на советувањето, како и збирна информација на крајот на советувањето. Сите детали, резултати од тестови итн. детето ги споделува со родителот, во облик кое самото одлучува дека сака да го сподели.
Детето се учи да размислува за својата иднина, да поставува прашања, себе си и на советникот, да трага по одговори, да истражува инфромации и можности...развива еден цел сет на нови вештини за планирање и управување со кариерата.
Родителот се охрабрува да покаже интерес за процесот, да поставува прашања и активно да разбирање и поддршка во финалните избори, задржувајќи ја позицијата на неутрален "навивач" за најдобите можни решенија кое детето знае и може да ги открие. Блискоста меѓу родителот и детето се зајакнува, довербата исто така - тоа се основите на релацијата која ќе се гради во едне нов облик - големо дете и родител кој верува во него.
Родителите можат да побараат завршна средба со кариерниот советник, во која ќе прашаат се што им е нејасно, за увидите од советувањето или за себе како родител кој е вклучен во кариерна одлука за детето.
Процесот на кариерно советување бара вложување од страна на родителот и детето, секако и од кариерниот советник - влог кој вреди да се направи, за иднината на детето кое со советувањето добива појасна слика и можност таа да биде реализирана.
Oткако донел одлука за изборот на советникот, родителот има одговорност да го
поврзе детето со кариерниот советник и да води сметка за процесот – договарање
средби, помош на детето да дојде на средбите ако е неопходно, следење на реакциите
на детето на советувањето.